Столтенберг: Грузија сигурно ќе влезе во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека Грузија ќе му се приклучи на НАТО-сојузот и покрај противењето на Русија.

– Сите 29 сојузници јасно наведоа дека Грузија треба да стане членка на НАТО. Ќе продолжиме да работиме на нејзина подготовка за прием – изјави Столтенберг на средбата со грузискиот премиер.

На НАТО-самитот во 2008 година во Букурешт беше оценето дека Грузија сака да влезе во сојузот, но досега не почна процес за приклучување.

Грузија и Русија во август 2008 година водеа петдневна војна што започна со грузискиот напад на сепаратистичката Јужна Осетија. Судирот заврши со мировна спогодба, а Москва на 26 август 2008 година призна независност на Абхазија и на Јужна Осетија, каде што и сега има силно воено присуство. Грузија тоа го смета за окупација.

Рускиот премиер Димитриј Медведев лани изјави дека влегувањето на Грузија во НАТО може да предизвика ужасен судир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e