Српската полиција во шума фати на дело 78-годишна жена која дилала дрога

Во Србија е упасена 78-годишна жена која е фатена со поголемо количество дрога. Полицијата ја сомничи дека ја продавала наркотици на локални зависници во Земун, пишуваат српските медиуми.

Полициските службеници од Единицата за интервенции од Земун кои ја следеле кога дошле во блиската шума во населбата Галеника, не можеле да претпостават дека таму ќе ги пречека бабата „наоружана“ со дрога. Кај бабата пронајдена е стандардна дилерска „опрема“: вага, „паковки“ во најлонски кесички, како и нож. Во кесичките имало околу 400 грама бела прашкаста материја, која е испратена на вештачење, за да се утврди каква дрога продавала осомничената жена. Покрај жената имало и дигитална вага.

Жената со иницијали В.Н. е приведена и против неа ќе биде поднесена пријава, соопшти полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e