Србите на 3 април ќе гласаат на локални, парламентарни и претседателски избори

Претседателот на српскиот парлемент, Ивица Дачиќ ги распиша денеска изборите за претседател на Србија. Ќе се одржат на 3 април, заедно со парламентарните и локалните избори.

Дачиќ ги повика сите кандидати да се пријават за претседателските избори.

-Денеска почнуваат изборните работи, а сакам да поминат во демократска и фер атмосфера и да дадат придонес кон стабилноста и иднината на Србија и сите граѓани, истакна Дачиќ кој на сите учесници им посака многу среќа и гласови.

Тој додал дека правото на предложување на своите кандидати, партиите или другите предлагачи го имаат до 12 март на полноќ. Истиот рок важи и за предвремените парламентарни и локални избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e