Србија наскоро ќе ја има руската револуционерна вакцина против рак

Србија, веднаш по Русија, би можела да стане првата земја во која пациентите со рак ќе добијат персонализирана мРНК вакцина, изјави за РТС Ненад Поповиќ, министер без ресор задолжен за меѓународна економска соработка. Вакцината, која е развиена во Русија со години, ги поминала сите фази на тестирање врз животни, каде, како што истакнува Поповиќ, е постигнат 100% успех. Се очекува руското Министерство за здравство да одобри нејзина употреба кај пациенти во наредните недели, пренесува Данас.рс , објави 4NEWS.mk

Минатата недела, висока делегација од Руската Федерација, предводена од академиците Александар Гинзбург, директор на Институтот „Гамалеја“, и Андреј Каприн, главен онколог на Русија, ја посетија Србија. На крајот од посетата, тие беа примени од српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Разговаравме за сите аспекти на идната соработка, вклучително и можноста Србија да се вклучи во примената на оваа револуционерна вакцина“, рече министерот Ненад Поповиќ.

Вакцината моментално е наменета за лекување на меланом и одредени видови рак на белите дробови, но во развој се неколку варијанти за други форми на рак. Станува збор за персонализирана терапија која се креира индивидуално за секој пациент, врз основа на неговиот генетски профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e