Србија ја надмина бројката од илјада новозаразени лица од коронавирусот во последните 24 часа. Регистрирани се 1.072 нови случаи, а 6 лица починале како резултат на инфекцијата. Во болниците има 831 хоспитализирано лице, а 25 лице се наоѓаат на апарати за дишење.
Надминувањето на бројката од илјада новозаразени, како што изјавија епидемиолозите и членовите на кризниот штаб, е премунување на црвената линија поради што мора да се заострат мерките во борбата со пандемијата. Седницата на кризниот штаб не е закажана, но нејзините членови во неколку наврати за српските медиуми најавија дека ќе бараат заострување на мерките и режимот на движење.