Во Књажевац, Србија вчеравечер со огнено оружје убиени се две лица, а додека пак две се тешко ранети.
Полицијата го уапси Ненад Рониќ (63 )кој е осомничен дека вчера околу 20 часот, во дворот на семејната куќа во Књажевац, со пушка убил две лица, а две тешко ги ранил.
Веднаш после убиството побегнал од местото на злосторството, дознава Курир.рс.
Едно лице веднаш им подлегна на повредите, а другото во болницата во Књажевац. Во крвавиот масакр уште две лица, се здобиле со тешки телесни повреди.
Од здобиените повреди во дворот на лице место починал Јастреб Асановиќ(38), а додека Иван Рониќ (19) им подлегнал на повредите во болницата во Књажевац.
Имено, убиени се зетот и внукот од убиецот, а додека пак снаата Романа (20) и внукот Б.Р(15) со тешки телесни повреди се пренесени во болница.
Пред убиецот да го направи злочинот, како што дознава курир, се случувала голема расправија помеѓу Рониќ и неговиот брат од чичко К.Р кого Иван го претепал.
Веднаш после тоа К.Р се пожалил на својот дедо Ненад, кој ја зел пушката и го започнал крвавиот масакр.
После злочинот Рониќ ја оставил пушката и побегнал во непознат правец, но полицијата за брзо време го уапсила. Како што дознава курир.рс до сега во тоа семејство немало пријави за насилство.