Спектакуларен договор помеѓу Јувентус и Манчестер Сити

Според пишувањата на „Скај Италија“, Јуевнтус и Манчестер Сити се на чекор да договорат голема трампа.

Не е тајна дека Сити подолго време се заинтересирани за Кансело, кој не влегува во плановите на тренерот Сари, а Јувентус беше спремен да го продаде за 50 милиони евра.

„Скај Италија“ тврди дека клубовите постигнале договор така што Кансело ќе се пресели на „Етихад“, а Јувентус ќе добие пари и Данило.

Данило е проценет на околу 30 милиони евра, а Јувентус покрај неговиот потпис треба да добие и околу 20 милиони евра.

Наводно сите детали се договорени и трампата треба да се комплетира во следните денови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e