Србија повторно го повика Косово да ја повлече вчера донесената одлука за зголемување на давачките за стока од Србија. Со вакво однесување Приштина нема да постигне ништо , бидејќи одлуката ќе ги погоди сите кои живеат во Косово порача Вучиќ.
-Јас ги замолувам властите на Приштина да ја повлечат одлуката. Свесни сме колку вие сакате независност на Косово , но иста така треба да знаете дека вакви потези не се потребни, туку е потребен дијалог, истакна Вучиќ.
Но косовскиот премиер Харадинај смета поинаку. Пред пратениците порача дека само со санкционирање Србија ќе го признае Косово. Економската војна помеѓу Косово и Србија предизвика и воени тензии. Српскиот Претседател обелодени дека косовски специјалци се движат кон северот на Косово , но нема информација која е нивната цел. Вучиќ ги повика косовските Срби на смиреност и истакна дека Белград будно ја следи ситуацијата.
Можно е да одат во контрола на езерото за да покажуваат мускули или да го контролираат зелениот појас на север, за да спречат било каков увоз на стока.
Причина за дополнително влошување на и онака лошите односите помеѓу Белград и Приштина е неуспехот на Косово да стане дел од Интерпол поради како што изјавија косовските власти дивата кампања која ја водела Србија.