Возач на бугарско комбе утрово околу еден часот удрил во пунктовите на граничната контрола кај Горичан II – возејќи меѓу преминот Хрватска и Унгарија.
Неколку лица биле повредени, меѓу кои и хрватски и унгарски полицајци.
Од полицијата соопштија дека се работи за сообраќајна несреќа, но повеќе детали најавуваат за подоцна, пишува Дневник.хр.
Двајца повредени хрватски полицајци се пренесени во Жупаниската болница Чаковец, каде им се констатирани полесни повреди.
Полицијата објави фотографии од местото на настанот на кои се гледа дека од споменатите пунктови не останало ништо.
Станува збор за граничниот премин кој се наоѓа на територијата на Унгарија, каде граничната контрола на пунктовите ја вршат заеднички унгарските и хрватските полицајци.
Засега не е позната тежината на повредите на останатите кои учествувале во несреќата.
Истрагата ја води унгарската полиција, пренесе Телеграф.