Сомнителен пакет го избезуми грчкиот суд, а внатре имало пораки за Македонија

Сомнителен пакет го избезумил грчкиот суд во Атина откако бил поставен пред портите, а всушност во торбата биле пронајдени кабли, весник, грчко знаме и знаме со сонцето од Вергина, постер од Белата кула во Солун и слоган за Македонија.

Случајот од судот веднаш го пријавиле во полиција, објавија грчките медиуми. Засега е познато дека едно или повеќе непознати лица, на влезот на комплексот судови во центарот на Атина оставиле ќесе, за чија содржина интервенираше секторот за справување со експлозивни механизми на грчката полиција, под сомнеж дека можеби станува збор за пакет бомба, а делот околу судските објекти бил целосно блокиран.

По полициската интервенција, според грчките медиуми, било јасно дека станува збор за пакет кој наликувал на бомба, но содржел материјал поврзан со грчката област Македонија.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, за сега не е познато кој го оставил ќесето и каква порака сакал да испрати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e