Поранешниот американски разузнувач Едвард Сноуден се обрати на јавноста преку лајфстрим од Москва прв пат по изборите во САД, оценувајќи дека луѓето не треба да ги гледаат работите во контекст на едни избори или една личност туку да ја земат иднината во свои раце, пренесува RT.
„Не можеме да се надеваме на некој Обама или да се плашиме од некој Трамп, тое е нешто што самите треба да го градиме,“ реше Сноуден со оценка дека луќето се тие што треба да креираат позитивни општествени промени.
Сноуден, поранешен соработник на американската Национална служба за бедзбедност (NSA) кој побегна од САД отккао објави доверливи документи за американската глобална програма за следење и најде привремено прибежиште во Русија, не сакаше да влегува во дискусија за конкретната победа на Трамп и за тоа како тоа ќе влијае на НСА. Тој само рече дека не се работи за едни избори или едан личност.
Тој потсети дека претседателот во заминување, Барак Обама, не ги исполни ветувањата за окончување на масовниот надзор или затворање на Гвантанамо беј, и заклучи дека не треба да се вложуваме премногу надеж или пак премногу да се плашиме од една личност, туку сите заедно да градиме промени.
Сноуден, кого САД го бараат поради објавување тајни информации, рече дека не се плаши дека рускиот претседател Владимир Путин сега ќе им го испорача на САД со што би ги поправил односите со Вашингтон, пишува во петокот британски Гардијан.
„Би било лудо да се отфрли можноста за договор за екстрадиција меѓу лидерите на Русија и САД“ вели Сноуден, додавајќи дека не се плаши од можноста Путин да го испорача.
„Доколку се плашев само за мојата безбедност, доколку мојата безбедност и иднина беа единствените проблематични прашања, јас сеуште ќе бев на Хаваите,“ рече тој.