Се уште не е јасно како е убиен Денис Киреев Борисович, член на украинската делегација во преговорите со Русија. Генералниот директорат за разузнавачки работи (ГУР) на Министерството за одбрана на Украина потврди дека Киреев починал „за време на специјална задача“. Таа информација е објавена во саботата на Фејсбук страницата на Генералниот директорат за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина. Михаил Подољак, советник на началникот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави дека убиството на Киреев нема никаква врска со работите на делегацијата, пренесува „Телеграф“.
„ Пукањето нема врска со работата на делегацијата. Беше надвор од преговарачкиот процес, беше во Киев и таму избувна еден вид конфликт“ рече Подољак, кој не објасни за каков конфликт се работи.