Сменет Рахој, Санчез нов премиер на Шпанија

Парламентот во Мадрид со гласање недоверба ја собори владата на Маријано Рахој, социјалистот Педро Санчез ќе биде нов шпански премиер.

Против 63-годишниот Маријано Рахој гласаа 180 од вкупно 350 пратеници, подржувајќи го предлогот на шефот на Социјалистите, Педро Санчез. На ваков начин, 46-годишниот Санчез станува автоматски нов шпански премиер. Ова е првпат во демократската историја на земјата еден премиер да биде сменет преку гласање недоверба.

Рахој во парламентот изјави дека му била чест да биде премиер на Шпанија. и го радува што зад себе ја остава земјата во подобра положба отколку при неговото стапување на функцијата, со оглед на економскиот подем на порано кризната држава, постигнат преку реформи и планови за штедење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e