Скопјанец се запали во камп во Исланд, не сакал да се врати во земјава

Македонски државјанин се обидел да се самоубие вчера во бегалски камп во Рејкјавик, Исланд, објави „Албеу“.

30-годишниот скопјанец се самозапалил, затоа што исландските власти сакале да го вратат во Македонија, откако негово барање за азил било одбиено, велат други баратели на азил. Младиот човек се здобил со сериозни изгореници при обидот да се самоубие.

Бројот на баратели на азил во Исланд годинава достигна 1.000. Тоа е три пати повеќе во однос на лани и голем дел од нив се од Македонија. Во ноември, дури 73% од барателите на азил се од Македонија. Најмногу од нив доаѓаат од Будимпешта во среда и во недела, кога има летови.

Според информациите од Директоратот за имиграција, ако барателот биде одбиен за азил, ризикува да биде депортиран и да добие забрана за повторен влез од најмалку две години и таа забрана важи за сите 26 европски земји од Шенген зоната, не само за Исланд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e