Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска ја потресе Индонезија, соопшти Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Епицентарот на потресот бил на длабочина од 102 километри, и е на 202 километри југозападно од Манадо и 99 километри југоисточно од Горонтало, градови со население од 451.000, идносно 144.000 жители.
Засега нема информации за човечки жртви или разурнувања.