Силен земјотрес ја погоди Јапонија – повредени 26 лица

Најмалку 26 лица се повредени, од кои едно критично, откако земјотрес со јачина од 6,7 степени го погоди во вторникот северозападниот дел на Јапонија.

Како што соопшти јапонската агенција Кјодо, 17 лица се повредени во префектурата Јамагата, по четири во префектурите Нигата и Мијаги, и едно во префектурата Ишикава, во земјотресот што предизвика лизгање на земјиштето и прекин на електричната енергија во некои области.

Поради земјотресот, кој се смета за еден од најсилните земјотреси во Јапонија, без струја останале речиси 10.000 домаќинства.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e