Силен земјотрес ја погоди Грција утрово

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди рано утринава јужна Грција, но засега нема информации за материјална штета или повредени.

Епицентарот на земјотресот е регистриран на длабочина од речиси 58 километри во 05.16 часот во морето меѓу Пелопонез и Крит, објави грчкиот институт за геодинамика, а грчките медиуми објавија дека земјотресот бил почувствуван од Атина до Крит, пренесува порталот Катимерини.

Земјотресот е почувствуван во повеќе области на Пелопонез, како Каламата и Триполи, но и во Атика.

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала претходно беше регистриран на подрачјето меѓу пристанишниот град Килини и островот Закинтос, а според извештајот на Институтот за геодинамика во Атина, сеизмичката вибрација била на длабочина од 26 километри

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e