Си-Ен-Ен: Руските сили погодиле складиште за гориво во Одеса

Рано утрово на социјалните мрежи се појавија снимки од нападот во украинска Одеса.

Според тимот на Си-Ен-Ен на местото на настанот, се чини дека руските сили го погодиле складиштето за гориво во тој град.

Еден сведок изјави за Си-Ен-Ен дека слушнале шест експлозии во складиште за гориво пред изгрејсонце.

Неколку сведоци изјавија за Си-Ен-Ен дека виделе дронови на небото околу областа во изминатите два дена.

На видеото снимено од Си-Ен-Ен се гледаат облаци од густ црн чад како се издигнуваат во воздухот од складиштето за гориво кое се наоѓа веднаш до железничката пруга.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e