Штрајкови во Грција: Без возови, бродови, без информативни емисии, со затворени банки

Без возови, бродови, без вести и информативни емисии, со затворени банки ќе биде денеска Грција.

И без метро и со скратено работно време на автобусите и тролејбусите во Атина, без јавен превоз во Солун, поради новиот 24часовен штрајк што започна во 6 часот утрово.

Синдикатот на работници на Грција за денеска закажа 24часовен штрајк, а учествува и синдикатот на вработените во јавниот сектор со неколкучасовен прекин на работата, односно од 11 часот до крајот на работното време за да го искажат нивното незадоволство од законот за развој што го предлага владата во однос на колективните договори, работничките права и новите регулативи за синдикатите.

Денешниот 24 часовен штрајк го поддржаа и новинарите во приватните и државните медиуми кои од 6 часот утрово до 6 часот утре нема да емитуваат вести и информативни емисии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e