Главниот обвинител на Турција открил за медиумите дека е најдено писмо напишано од убиецот на рускиот амбасадор во Анкара. Неговата содржина прикажува дека атентатот во галеријата е извршен од гнев кон бруталните руски активности во светот.
Но, според истражителите тоа било напишано и оставено намерно, за да го одвлече вниманието од главните причини.
Во писмото поранешниот полицаец Мевлут Мерт Алтинтас прогнозира дека не само Русија, но и САД ќе го најдат крајот многу наскоро.
„Никогаш нема да бидете во безбедност, додека ние, не се чувствуваме безбедно во своите земји“, пишува тој.
Заедно со писмото се откриени и мноштво други арапски книги, сопштија од полицијата. Тие истакнуваат дека, сепак, литературата на никаков начин не е обврзана со екстремистички идеи.
По последните информации властите се уште не успеале да го отклучат и мобилниот телефон на Алтинтас. Во медиумскиот простор постојат шпекулации дека мобилниот уред ќе биде испратен во Русија, за да бидат запленети и истражени информациите во него.
Извор: Фактор