Шест партии ќе влезат во новиот бугарски Парламент, а претседателските избори ќе имаат втор круг

Во новиот бугарски Парламент ќе влезат шест партии, а за претседателските избори се очекува втор круг, покажува најновото истражување на агенцијата „Алфа Рисрч”. Како што јави дописникот на МИА од Софија, на пет дена пред парламентарните и претседателски избори помалку од половината Бугари – 47-48 отсто се подготвени да учествуваат во гласањето.

Според „Алфа Рисрч”, втората позиција меѓу партиите останува најспорна и за неа во директна конкуренција се „Промените продолжуваат” и БСП. Формацијата околу Кирил Петков и Асен Василев има поддршка од 16,5 отсто додека БСП има половина процент помалку.

Демократска Бугарија”, „Има таков народ” и МРФ се другите три партии што сигурно ќе влезат во следното 47. Народно собрание на Бугарија, а нивните резултати во моментов се многу блиски – односно 10,2, 9,9 и 9,8 отсто.

„Стани БГ! Ние доаѓаме! „ е под цензусот од четири отсто и е дури по популистите од „Препород”.

Појасна изгледа ситуацијата околу претседателските избори, кои се заедно со парламентарните. Актуелниот претседател на Бугарија, Румен Радев, кој се бори за втор мандат, може да смета на 46,4 отсто од гласовите на гласачите, а проф. Анастас Герџиков на 28,3, што според „Алфа Рисрч” го прави неизбежен вториот круг од гласањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e