Шефот на Фајзер: Се појавуваат нови болести, нашата индустрија ќе процвета

Извршниот директор на американската компанија „Фајзер“, Алберт Бурла верува дека фармацевтската индустрија ќе процвета во наредните 10 години, на бранот на продолжување на животниот век и научно-технолошките откритија.

Нашата индустрија ќе процвета во наредноте 10 години, поттикната од науката и природното движење на населението. Како што се продолжува животниот век, се појавуваат нови болести, а нашата индустрија очекува научна ренесанса, благодарение на комбинацијата на откритија во биологија и моќта на технологијата. Пандемијата на коронавирусот ги забрза тие трансформации, изјави Бурла во интервју за италијанска „Ла Република“.

Тој смета дека пандемија покажала оти јавните-приватни партнерства се интересни, а ја нагласи и потребата за забрзување на регулаторните процедури за одобрување на лекови, пренесува хрватски тпортал.

Ако европската и американската агенција за лекови не беа толку брзи, ќе немавме ниту лек, ниту вакцина. Таа агилност мора да стане норма и за лекување на рак, рече Бурла.

Кога станува збор за развој на вакцини поради појава на нови варијатни на коронавирусот, Бурла истакна дека е „рано да се говори дали ќе биде потребно често ревакцинирање или нова вакцина“.

„Разгледуваме многу можности, вклучително и вакцина која штити од Омикрон. Ќе одлучиме до март, а тоа ќе зависи од резултатите на нашите истражувања. Што се однесува до нас, ние веднаш можеме да почнеме со производство, заклучи Бурла.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e