Полицијата соопшти дека во куќата на еден од напаѓачите кој му удри шлаканица на францускиот претседател Емануел Макрон, пронашле оружје и копија од книгата на Хитлер „Мајн Кампф“.
Уапсени се двајца дваесет и осумгодишни мажи пред училиште во југоисточна Франција.
За време на посетата на неколку места на југоисток од земјата, Макрон се приближи до група луѓе, а потоа еден човек го фати за раката, го повлече претседателот на Франција и му удри шлаканица.
По нападот, полицијата изврши претрес во домовите на осомничените за нападот врз францускиот претседател.
Книга и оружје се пронајдени во куќата на еден од напаѓачите кој е осомничен за снимање на нападот врз Макрон. Освен оружјето пронајдено во куќата, полицијата пронашла меч, кама и колекционерска пушка, за кои тој има дозвола за поседување. Не е познато дали оружјето е во функција…