Во Кинескиот трговски центар во блок 70 во Нов Белград, синоќа изби пожар, кој утринава е локализиран. Српските медиуми известуваат за шокантни сцени – собраните продавачи се очајни, тивко гледаат што остана од нивните продавници. Некој успеа да спаси дел од нивната стока …
Се уште има голем број пожарникари. Тие беа заменети со друга смена, имајќи предвид дека првата смена го гасела пожарот цела ноќ, уште од 20 часот, пишува Блиц.
Официјално, причината за пожарот се уште не е позната, а неофицијално, пожарот избувнал во еден од рестораните во овој центар.
Неофицијално, припадници на МВР и еден пожарникар изјавиле за Н1 дека нема повредени.