Се преврте минибус во Турција, има загинати

Најмалку шест лица загинаа при превртување на минибус во југоисточниот турски град Мардин, соопштија властите.

Уште петмина се тешко повредени откако минибусот се превртел во канал на локалниот пат Мидијат-Омерли, јавуваат турските медиуми.

На местото на несреќата брзо пристигнале надлежни полициски и медицински екипи,пренесе Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e