Се преврте автобус во Србија, загина едно лице

Едно лице загина, а 22 се повредени при превртување на автобус на автопатот Лесковац-Ниш во Србија. Несреќата се
случила утрово во 5 часот и 50 минути.

Порталот Нова.рс пишува дека утринава во болницата во Ниш се пренесени седум лица, од кои двајца се тешко повредени. Еден од повредените патници е 13-годишно момче, кое било примено со набиен стомак.

Исто така, постар маж (69) се здобил со отворена скршеница на раката и скршеница на ребро. Операцијата е во тек.
Потоа во Општата болница во Лесковац биле пренесени и згрижени 15 повредени лица. Нивната состојба е непозната.
Водачот на групата починал на местото на несреќата, со оглед на тоа дека се работи за туристички автобус од Сомбор, кој сообраќал од Грција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e