Руски воен конвој долг 27 километри се движи кон Киев

Сателитските снимки направени денеска покажуваат дека руските копнени сили продолжиле да се приближуваат кон главниот град на Украина со воен конвој кој се протегал на 27 километри, пренесува Ројтерс.

Според снимките од приватната американска компанија Maxar Technologies Inc, конвојот се движи по источниот раб на аеродромот Антонов и содржи стотици оклопни возила, тенкови, влечена артилерија и возила за логистичка поддршка.

Според извештаите крајната дестинација е главниот град на Украина, Киев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e