Руски авион по грешка пукал врз турски војници во Сирија и убил тројца

Руски авион, по грешка, пукал врз војници на турската војска во регионот на сирискиот град Ал Баб, при што загинале тројца од нив, а 11 се повредени, јави турската телевизија „НТВ“, повикувајќи се на соопштение од Турските вооружени сили.

Во текстот се посочува дека инцидентот се случил утринава околу 8.40 часот, по локално време.

– Воен авион на Руската Федерација, извршувал воздушна мисија врз цели на ДАЕШ (арапскиот акроним за Исламска држава) и по грешка зел на нишан зграда во која се наоѓале членови на турската војска, при што загинаа тројца наши храбри другари по оружје, а 11 се повредени, стои во соопштението на Турските вооржужени сили.

Рускиот претседател Владимир Путин му изразил сочувство за инцидентот на неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган.

Рускиот и турскиот лидер при денешниот телефонски разговор се договориле да ја засилат воената координација во борбата против Исламската држава, соопшти Кремљ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e