РУСИТЕ ВО ЦЕЛОСНА ОФАНЗИВА: Во петок Путин воведува воена состојба?

Советот на Руската федерација утре, според најавата, треба да оддржи вонредна седница на која според официјалната комуникација на дневен ред ќе се најде воведување на антикризни мерки. Но, неофицијалните информации наведуваат дека, освен антикризните мерки, на дневен ред ќе се најде и веведување на воена состојба со што на Путин и на останатите функционери ќе им се дадат огромни овластувања, додека значително ќе се ограничи слободата на говор и движење за руските граѓани.

За воведувањето на воената состојба, пренесува и угледниот “Гардиан”, кој ја цитира влијателната руска аналитичарка, Татјана Стaноваја која вели дека сценариото за воена состојба е многу поверојатно и дека на тој начин властите ќе воведат поголема цензура и тајност на воените активности.

Ваков закон последен пат во Русија е воведен за време на Втората светска војна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e