Русија сe закани на Шведска и Финска: Ќе претрпите опасни воени и политички последици ако влезете во НАТО

Според написите на локалните медиуми, Марија Захарова ги предупредила и Финска и Шведска дека ќе се соочат со опасни воени и политички последици доколку се обидат да влезат во НАТО.

Захарова, како што пишуваат медиумите, попладнево на прес-конференција во Москва предупредила дека приемот на Финска или Шведска во НАТО ќе предизвика сериозен одговор од Москва.

-Сметаме дека посветеноста на финската влада на воената политика на неврзување е важен фактор за обезбедување безбедност и стабилност во северна Европа. Интензитетот на интеракциите меѓу Хелсинки и Стокхолм со НАТО не е ништо ново. Ја видовме оваа политика во текот на годините. Но, Финска и Шведска не треба да ја засноваат својата безбедност на загрозување на безбедноста на другите земји, додала Захарова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e