Русија од утре го сопира гасот и за Бугарија

ГАСПРОМ од 27 април ќе ја прекине испораката на гас за Бугарија.
Оваа вест ја објави Франс прес, повикувајќи се на бугарското Министерство за енергетика.

Според владината портпаролка Лена Бориславова, премиерот и вицепремиерот се свесни за ситуацијата и нема причина за паника или грижа.

– За такво сценарио се разговараше во февруари и ние сме подготвени да реагираме. Има договори за алтернативни испораки, се е обезбедено, потенцира Бориславова.

Во моментов во Бугарија не се потребни рестриктивни мерки за потрошувачка, уверуваат од Министерството за енергетика. Министерството, Бугарскиот енергетски холдинг, Булгаргаз и Булгартрансгаз презедоа чекори за алтернативно снабдување со природен гас и справување со ситуацијата. Бугарската страна во целост ги исполни своите обврски и навремено, строго и во согласност со неговите клаузули, ги изврши сите плаќања кои се бараат со овој договор, потенцираат од Министерството за економија.

По анализата на државната компанија Булгаргаз и Бугарскиот енергетски холдинг (БЕХ), беше утврдено дека новата постапка за плаќање во две фази предложена од Русија не е во согласност со постоечкиот договор до крајот на оваа година и претставува значителен ризик за бугарската страна, вклучително да ги извршат плаќањата, а без да добиваат испораки на гас од руска страна, се вели во соопштението.

Претходно и полската нафтена компанија потврди дека од утре Русија ќе престане да им испорачува гас.

И двете држави Москва ги смета за „непријателски“ на кои им понуди гасот да го плаќаат во рубли, но тоа го одбија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e