Русија ги забрани Фејсбук и Инстаграм

Судот во Москва ја прогласи “Мета” за екстремистичка организација и ги забрани “Фејсбук” и “Инстаграм”.

Судот во Москва ја прогласи американската компанија “Мета” за екстремистичка организација, и со таквата пресуда ги забрани “Фејсбук” и “Инстаграм” во Русија, пишува “Тасс”.

Се нагласува дека судот ја задоволил тужбата на Генералното обвинителство да ја забрани работата на компаниите во Русија поврзани со екстремистички активности. Судот објаснил дека оваа одлука стапува на сила веднаш.

Други социјални мрежи и натаму функционираат во Русија, како што се “Телеграм”, “ВК” и други.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e