Во паркот „Долина на диносаурусите“ во Тексас, поради екстремни суши, реката пресушила, па биле пронајдени траги од диносауруси од пред околу 113 милиони години, објави во понеделникот паркот во своето официјално соопштение.
– Повеќето траги неодамна откриени во различни делови на реката во паркот припаѓаат на акрокантосаурус. Станува збор за диносаурус кој во зрелоста бил висок околу четири и пол метри и тежок близу седум тони – изјави за Си-ен-ен претставничката на паркот Стефани Салинас Гарсија.
– Во паркот во Глен Роуз, Тексас, најдовме и траги од сауросејдон, кој би бил висок околу 18 метри и тежок околу 44 тони – додаде таа.
Поради екстремните суши, голем број реки во паркот пресушија, дури повеќе од шест отсто од територијата на Тексас минатата недела беше погодена од силна суша.
Под нормални временски услови, трагите на диносаурусите во коритото на реката би биле под вода и покриени со талог.
– Секогаш е возбудливо да се најдат нови траги од диносаурус во паркот – рече Гарсија.
Експертите од оваа област велат дека пругите наскоро повторно ќе бидат покриени со вода поради новата рунда врнежи што ја најавуваат метеоролозите.
– Иако овие траги ќе бидат видливи за кратко, ние сме многу возбудени. Паркот „Долина на диносаурусите“ ќе продолжи да ги штити овие патеки стари 113 милиони години не само за сегашните туку и за идните генерации – рече Гарсија, пренесе Телеграф.рс.