Разорна експлозија на југот на Русија, загинаа 27 лица

Најмалку 27 лица загинаа во експлозија и пожар на бензинска пумпа во Дагестан на југот на Русија, јавува Би-би-си.

Експлозијата, како што се пренесува, се случила синоќа во регионалната престолнина Махачкала, која се наоѓа на брегот на Каспиското Море.

Во експлозијата, чија точна причина се уште не е утврдена, се повредени десетици луѓе.

Сликите кои доаѓаат од Русија покажуваат голем оган кој го осветлува небото и бројни противпожарни возила на местото на настанот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e