Рама смета дека ЕУ нема интерес од решевање на косовското прашање

„ЕУ нема ни волја ни капацитет во дијалогот меѓу Белград и Приштина да го реши косовското прашање и често не стои на зборот кој го има дадено“. Ова го изјави албанскиот премиер Еди Рама, на конференцијата „ Американската политика на Западен Балкан“.

Рама истакна дека Унијата нема интерес од решавање на ова прашање, особено по 18 отомври.

„Постојат случаи каде ЕУ не стои на својот збор, а примерот со Косово докажува дека Брисел нема капацитет за да го одржи зборот“, рече Рама.

Тој исто така наведе дека на Приштина и беше ветена визна либерализација доколку направи договор за демаркација со Црна Гора.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e