Радев и Петков во самоизолација по вчерашната седница на Советот за безбедност

Премиерот на Бугарија, Кирил Петков и началникот во неговиот кабинет Лена Бориславова се самоизолирани, а истото го сторил и бугарскиот претседател Румен Радев. Ова се случува една недела пред планираната посета на Петков на Македонија, која е на програмата на 18 јануари.

Причината за тоа е што Петков и Радев, како и другите, присуствуваа на Советодавниот совет за национална безбедност на Претседателот на кој се расправаше за проблемот со Македонија, е контакт со лице заразено со ковид-19. Поточно станува збор за претседателот на народното собрание на Бугарија, Никола Минчев, кој е позитивен на коронавирусот.

Веста за позитивниот тест на Минчев дојде во понеделникот навечер. Во вторник наутро следеше одлуката на Петков и Бориславова да се изолираат, а набргу потоа и за одлуката на шефот на државата.

– Претседателот Румен Радев и претставниците на неговиот тим кои учествуваа на средбата се самоизолирани. Сите се во добра здравствена состојба. Преземени се мерки за нормално функционирање на претседателската институција – соопштија од прес-службата на Радев.

– Премиерот Кирил Петков продолжува да работи од далечина и е во постојан контакт со членовите на Советот на министри. Премиерот ќе биде сменет од вицепремиерката Калина Константинова за сегашните заложби во државата – соопштија од владината прес-служба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e