Претседателот на Филипините го нарече Обама “Кучкин син”

Контроверзниот претседател на Филипини, Родриго Дитерте го ослови амриканскиот претседател, Барак Обама, како “Кучкин син” и го предупреди да не ја преиспитува неговата политика на незаконски убиства.

Одкако доби власт во Јуни, Дутерте објави војна на дрогата и почна со агресивни незаконски убивства на нарко дилерите во земјата. Досега се убиени 2,400 луѓе на улиците со што привлече меѓународен критицизам.

Пред да отиде на Лаос каде заедно со Обама ќе биде гостин на Азискиот самит, Дутерте кажа дека тој е лидер на суверена држава и е одговорен само на филипинците.

Кога Дутерте беше запрашан од новинарите како мисли да му ѓи објасни доскорашните случувања на Обама, изјави дека тој кучкин син треба да покаже почит и да се воздржи од прашања околу убиствата.

“Кој е тој да се конфронтира со мене? Како за факт, Америка има премногу за што да одговара.

На пресконференцијата додаде дека се додека и последниот нарко дилер не биде исчистен од улицата, убивањето нема да престане.

Обама не е прв со кој Дутерте успеа да се конфронтира. Кога обединетите нации јавно ја критикуваа неговата политика тој изјави дека можеби е подобро да излезат од организацијата, потег за кој тој кажа дека е шега, меѓутоа подоцна одби да се сретне со генералниот секретар, Бан Ки Мун, со образложение дека имал пренабиена агенда.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e