Грк бил претепан на плажа на Халкидики, бидејќи не сакал да го помести пешкирот кој го ставил во близина на барот. Како што пренесуваат српските медиуми, мажот бил предупреден да се тргне од тој дел зашто се работело за приватна плажа. Гостинот на плажа сакал да седи на страна, односно да не ги користи лежалките. Откако не го сторил тоа бил претепан пред сопругата и децата.