Познат мотивот за масакрот на Тајланд: Убиецот дошол да си го земе детето, а збеснал кога дознал дека го нема

Полицијата спроведува опсежна истрага за масакрот што се случи денеска во градинка во североисточниот дел на Тајланд. Во нападот на градинката загинаа најмалку 38 лица, од кои повеќе од 20 деца, некои на возраст од две години.

Убиството го изврши поранешен полицаец Пања Кумбар, која минатата година бил избркан од работа поради употреба на наркотици.

Медиумите јавуваат дека Пања утрово бил во судот на рочиште за поседување и консумирање наркотици. Потоа, тој наводно влегол во автомобилот и се упатил кон градинката во која оди неговото дете. Како што се наведува, крвавото расплетување почнало кога дознал дека неговото дете не е во градинката.

Осомничениот со себе имал пиштол, нож и пушка, а во нападот убил најмалку четири наставнички, меѓу кои и една во осмиот месец од бременоста и повеќе од 20 деца. Потоа, влегол во својот бел пикап и побегнал, а по пат удрил со возилото во група луѓе.

По масакрот, побегнал, а полицијата набргу објави дека се самоубил. Некои медиуми објавија дека ги убил сопругата и нивните три деца пред да се самоубие.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e