Во морето пред Порто Монтенегро избил пожар на една јахта кој го гаснат пожарникари од Тиват и припадници на Службата на маринците на Порто Монтенегро, пренесува Радио Тиват.
Во гасењето на пожарот учествува и специјало противпожарно пловило „Јован“.
Пожарот се гаси и со водени топови и пловила.
Како што јавуваат медиумите во Црногора, моментално се утврдува причината за пожарот на јахтата.