Повредени 25 луѓе при експлозија во Германија

Во градот Вупертал во западна Германија при експлозија се повредени 25 лица од кои четворица се здобиле со потешки повреди, соопшти германската полиција.

Полицијата наведе дека експлозијата ја уништила зградата, но не соопшти дали експлозијата е поврзана со тероризам. Пожарникарите се мачеле да го изгаснат пожарот затоа што зградата дел по дел се уривала.

Истрагата е во тек. Уништен е и автомобил кој бил пред зградата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e