Португалецот Антонио Гутереш од денеска ја презема функцијата генерален секретар на ОН

Поранешниот премиер на Португалија, Антонио Гутереш од денеска ја презема функцијата, генерален секретар на Обединетите нации.

Гутереш доаѓа на местото на Бан Ки-мун, кој два мандати беше генерален секретар на оваа светска организација.

Положувајќи заклетва на 12 декември, тој оцени дека ОН мораат да се подготват за промени.

– Од акутните кризи во Сирија, Јемен, Јужен Судан и во други места, до долгогодишните спорови, вклучувајќи го израелско-палестинскиот конфликт, потребно ни е посредување, арбитража и креативна дипломатија – изјави тогаш Гутереш.

Еден од неговите приоритети ќе биде подобрувањето на положбата на жените, така што веќе именуваше три жени на клучни позиции во својот тим.

Гутереш е деветтиот генерален секретар на ОН во 71-годишната историја на ОН.

Мета

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e