Заменик-претседателот на грчкиот парламент, Џорџ Ваременос кој доаѓа од партијата Сириза, беше набркан од толпа грчки емигранти во Мелбурн. Откако со силни извици не му дозволија да се обрати по повод националниот празник 25 Март, тој со придружба на полицијата беше изнесен од комплексот каде што го започна говорот.
Дел од публиката му упати канонада од сериозни обвинувања за Преспанскиот договор. Некои луѓе почнаа да викаат “Грција, Грција Македонија” , а Ваременос го нарекуваа „предавник“.
Фрлени биле и две шишиња во правец кон Ваременос во моментот кога неговиот говор беше многу тешко да се слушне поради слоганите.