Полските камионџии му купиле нов камион на Иранец кому му се расипал стариот

Полјаци собрале скоро 250.000 злоти, што е околу 60.000 евра за купување на нов камион на ирански возач, кому му се расипал стариот камион.

Фердин Каземи превезувал суво грозје во Полска и требало да продолжи кон Чешка, да го собере новиот товар роба и да се врати во Иран.

Морал да спие во камионот, бидејќи немал пари да ја плати поправката.

„Полјаците се мои ангели“, вели Каземи.

Со потекло од местото Ној на северозапад од Иран, Каземи вози за Европа подолго од четврт век.

Но пред да се врати дома со новиот камион мора да добие дозвола од иранските власти за увоз на камион. Проблем може да бидат санкциите на Иран на увоз на одредени производи од Европската унија.

Акција на интернет

Проблемите на Фердин Каземи почнале на 3.декември кога неговиот 30 години стар камион се расипал во полскиот град Козјеглови, северно од Катовице.

Полските возачи на камиони започнале кампања на интернет да соберат пари за поправка на камионот на Каземи, како и за храна и сместување на возачот.

Почетната цел собирање на 100.000 злоти била остварена за 24 часа, а насобраната сума сега е повеќе од двократна. Помо и натаму стига.

Не е сигурно дали камионот може да се поправи, па сега план е да се купи нов.

Во Иран според законот може да се увезат само возила постари од три години, па Каземи ќе добие половен камион произведен 2017 година.

Но планот сепак може да пропадне заради иранските санкции на увоз на роба од земјите во ЕУ. За возилото на Каземи се бара исклучок.

„Возам низ Европа 27 години. До сега не сум имал никаква шанса подобро да ги запознаам Полјаците иако од секогаш ми биле фини. Сега гледам дека се прекрасни и тешко ми е да поверувам каква помош ми дадоа“, изјавил Каземи за еден полски медиум.

„На мојата мајка ништо не и е кажано за ова, за да не се грижи. Таа мисли дека сум на работа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e