Полицијата на Турција приведе 46 лица поврзани со терористичкиот напад во Истанбул

Полицијата на Турција приведе 46 лица поврзани со терористичкиот напад во Истанбул, изјави турскиот министер за правда, Бекир Боздаг.

Експлозијата се случи вчера во пешачката улица во Истанбул. Според последните информации, повредено е 81 лице, а 39 се веќе пуштени од болница.

Властите претходно приведоа едно лице осомничено за напад. Турските медиуми пренесоа дека осомничената е државјанка на Сирија, и дека признала дека е поврзана со Работничката партија на Курдистан, која во земјата е призната како терористичка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e