Почна војната во Украина, експлозии во Киев, Харков, Одеса, Мариупол

Руските сили рано утринава истрелаа проектили врз неколку градови во Украина и истоварија војници на нејзините јужни брегови, објавија украинските власти и медиуми, откако претседателот Владимир Путин одобри, како што рече во ТВ-обраќањето, специјална воена операција на истокот.

Неколку многу важни зборови за оние кои би можеле да бидат во искушение да се мешаат во настаните што се случуваат. Кој ќе се обиде да не попречи, да се обиде да се закани за нашата земја и народ, треба да знае дека одговорот на Русија ќе биде моментален и дека ќе ги доведе до такви последици со кои никогаш не се соочиле во историја, предупреди тој.

Набргу откако Путин зборуваше на руската државна телевизија, во тишината пред зори се слушале експлозии во главниот град на Украина, Киев.

Престрелки одекнуваа во близина на главниот аеродром во главниот град, објави новинската агенција Интерфакс, а над градот се огласија сирени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e