Вечерва во Белград ненадејно на 56-годишна возраст почина Ксенија Вучиќ.
Веста за нејзината смрт ја објави претседателот на Србија, Александар Вучиќ на својот Инстаграм профил.
Првата сопруга на претседателот е родена во 1968 година во Белград, каде што дипломирала и историја на уметност на Филозофскиот факултет.
Таа беше новинарка 28 години.
Ако имате проблеми со опаѓање на косата, направете го ова веднаш!
Вучиќ го запознала во 1995 година на Радио Индекс, додека водела дуел меѓу него и Александар Чотриќ.
Тие се венчаа две години подоцна, а се разделија во 2011. Имаат две деца, синот Данило и ќерката Милица.