Полека, но сигурно, Србите го освојуваат своето омилено летно одморалиште во Грција, Пефкохори на полуостровот Касандра, пишува „Блиц“.
Според Димитрије Антонопулос, Србин со грчко потекло кој работи во туризмот, капацитетите полека се полнат и гостите од Србија доаѓаат во сè поголем број.
-Очекуваме нормална сезона, засега работите се одвиваат нормално, луѓето се желни за морето, се распрашуваат за содржината. Во секој случај, Грците со нетрпение ги чекаат нашите туристи, кои традиционално се најбројни туристи во овој регионот, вели Антонопулос.
Покрај Антонопулос, разговаравме и со две белграѓанки кои меѓу првите го скршија мразот.
Кои се нивните впечатоци, но и како изгледа денес плажата во Пефкохори, погледнете во видеото.