Ужасен случај на семејно насилство вечерва ја потресе Хрватска – пијан маж ја претепал својата сопруга и со метална шипка го повредил нивното бебе старо само 20 дена, пренесува ХРТ.
На одделението за педијатрија во Чаковец е примено машко бебе со повреди на главата и натколеницата, како и повредената мајка, изјави дежурниот педијатар д-р Дејан Балажин.
Според извештаите, мажот под влијание на алкохол ја тепал сопругата по главата и рацете. Со метална шипка го удрил бебето, кое мајката го држела во раце, и тоа има рана на главата, за која лекарите велат дека не е многу сериозна. Итната помош ги одвела жртвите на семејно насилство во болница.
Полицијата го уапсила насилникот, пишуваат хрватските медиуми.