Час и половина минути по телефонскиот разговор на претседателот Доналд Трамп со украинскиот премиер Владимир Зеленски, канцеларијата за буџет на Белата куќа му наредила на Пентагон да ги замрзне финансиските средства за одбраната за Украина.
Информациите беа пуштени од Си-Ен-Ен, кои се повикуваат на владини документи.
Мајк Дафи од канцеларијата за управување и буџет на Белата куќа, одговорен за контролирање на парите за национална безбедност, ги извести претставниците на Пентагон на 25 јули дека ќе суспендираат околу 400 милиони американски долари помош за Украина. Дафи е политичко назначување на Трамп. Истиот ден, беше испратено и официјално известување, првата индикација, дека помошта била задржана непосредно по телефонскиот разговор за време на кој Трамп го извршил притисок врз Зеленски да ги испита политичките противници на американскиот лидер.
Лидерот на малцинството во Сенатот, Чак Шумер го повтори својот повик Дафи да биде сведок на судењето на Трамп во Сенатот во јануари.
Канцеларијата за управување и буџет ја отфрли врската помеѓу одлуката за суспендирање на помошта и телефонскиот повик, истакнувајќи дека истата е објавена на состанокот помеѓу агенциите кон средината на јули.
„Неразумно е да се поврзе задржување на средства со телефонски повик. Одлуката за задржување на финансирање беше објавена на состанокот на агенциите на 18 јули“, изјави портпаролот. Иако агенциите беа известени на 18 јули, првите напори за помош на Пентагон дојдоа во истиот ден, кога се спровел разговорот меѓу Трамп со Зеленски.
Разговорот помеѓу траел од 09.03 до 09.33 часот, додека е-поштата на Дафи е од 11.04.
Судијата им наредил на надлежните органи да ги достават документите до Центарот за јавен интегритет како одговор на барањето за откривање на информации во согласност со Законот за пристап до информации. Документите Центарот ги објави подоцна во вечерните часови.
Иако голем дел од информациите се чуваат во тајност, документите фрлаат светло на разговори меѓу две владини агенции кои ги извршуваат наредбите на Трамп.
Една од првите грижи на Трамп за финансирањето доаѓа од написот на „Вашингтон Егзаминер“ на 19 јуни, поврзан со одобрението на конгресот од 250 милиони американски долари за грантот за воена помош на Украина.
Претседателот очигледно ја прочитал статијата и Дафи го побарал од Пентагон планот за поддршка на Украина истиот ден кога беше објавен написот.
Минатата недела Конгресот гласаше за историскиот импичмент на Трамп за две обвиненија поврзани со Украина.